What's On

An Unusual Day

 

Sunday, 29 December 2024   |      20:00 hours   |    
orig_5ae088093cfec2.97795647.jpeg Детскиот свет е фантастичен, измислен, полн игри и секојдневно осознавање.

Нашите, веќе одамна блиски Пет плус фамилија (Петко, Лина, Лука, Алек, Цвајштајн, Лиз, Џими и нивните нови другари)  уште еднаш ни потврдуваат дека во тој  детски свет не постои нешто што е несовладливо, сè е возможно и ништо  не  ѝ е далечно и непознато на детската имагинација и на детското срце.  

Тогаш замисли си  да имаш временска машина и да патуваш напред и назад во времето,  што мислиш, што е она кое ќе „ги порави грешките од минатото“ и ќе ја спаси иднината на светот, а се наоѓа токму овде - во сегашноста? Тоа се љубовта и другарството.

Токму во таков свет секој човек -секое дете од   минато - сегашно и идно -  време ќе пронајде непресушлив извор на сила, оптимизам и верба во поубаво утре, само и само поттикнат од взаемната добрина и љубов која непрестајно го започнува светот одново и ги прави сите добри и лоши луѓе едно огромно семејство.

А сега, влегувајте во временската машина и притиснете го вашето омилено  копче, каде ќе се симнете во минатото или во иднината? Одговорот е едноставен: во својата зграда, во својата куќа, во својот дом!

Епа ајде, влегувајте побрзо- поаѓаме во непознатото!


Режија: Дејан Пројковски

Актери: Сања Арсовска, Игор Ангелов, Ѓорѓе Нешковиќ, Марјан Наумов, Чедомир Митевски, Изабела Јакимова, Матеа Јанковска,  Марина Поп Панкова и Антонио Ташковски 

Автори: Сања Арсовска и Билјана Крајчевска

Костимограф: Maрија Пупучевска

Сценограф: Валентин Светозарев

Кореограф: Олга Панго
 

 

  • Stage
    Голема сцена
  • Duration
    minutes
  • Intermission
    без пауза

 

Виртуелна прошетка Музеј

BOX OFFICE:
+389.2.3230.304

ADMINISTRATIVE DEPARTMENT:
+389.2.3216.725

ADDRESS:
"11 March" Street, No. 3, 1000 Skopje

e-mail: info@mnt.mk